Поет,Издавач
Неговата прва песна била објавена во 1980 (месечно книжевно списание Олусум). Во исто време објавил песни и книжевни критики во познатите турски книжевни списанија како (Варлик,Гостери,Санат Олаји (Varlik, Gosteri, Sanat Olayi 1980). Тој е еден од основачите на движењето “поезијата од 1980-сетите”. Тој и неговите пријатели поети од претходно споменатото движење ги објавуваат следните списанија за поезија : Имге/Ајрим 1984 (Imge/Ayrim (1984), Поетика 1985 (Poetika (1985), Фанатик 1989 (Fanatik (1989). Основач е на веб страната современа Турска поезија (turkishpoetry.net) на Англиски јазик (1999-). Неговите песни се преведени на 9 јазици.
Има издадено четири стихозбирки, четири Романи, две книги со книжевни критики и многу антологии на Современа Турска поезија.
Работел како уредник во издавачките компании Имге, Гунес (Imge, Gunes) и книжевните списанија: Сомбахар/ Sombahar (Поезија,1990-1996), Е/ E (Литература,2003) и Озгур Едибијат/ Ozgur Edebiyat (дво-месечно литературно списание, 2007-2013).
Основач и претседател бил на Едисам/ Edisam, друштво на писатели на Книжевност и Наука (2001-2007)
Бил генерален секретар на Асоцијацијата на Турски издавачи од (1996-2011). Претседател е на Асоцијацијата на Турски издавачи од (2011-).
Координатор и член на одборот е на Интернационалниот фестивал на поезија во Истамбул од (2008-). Уредник е на Парантез Идаваштво (1992-)