Петар Опачиќ е роден во 1952 година во Солин. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Задар. Го објавил романот Човек во костум, драмата Сонот на Протеј и 18 збирки поезија, како и антологии на англиска, американска, канадска и ирска поезија. Исто така издал антологии на англиски и американски раскази, како и ТАО раскази, и Собрани драми на Т.С. Елиот, Собрани раскази на В.К. Вилијамс, Избрани песни на Џек Спицер, песни од Роберт Крили, итн. Главен уредник е на списанието за литература Можности во Сплит.