За мојот југ тагувам, а потоа се создавам – промо-видео за Струшките вечери на поезијата 2019

Ви го претставуваме промотивното видео на овогодишното издание на Струшките вечери на поезијата, под наслов „За мојот југ тагувам, а потоа се создавам “

Инспирирано од јагулата како мотив, но и од симболиката на копнежот по утоката и нејзиното циклично враќање, видеото се надоврзува кон копнежот на Константин Миладинов изразен во најпознатата песна Т`га за југ.

Видеото е во продукција на Зоотроп Студио, по сценарио на Јаков Попоски и креативните решенија на Огнен Танчески, којшто воедно е автор и на графичкиот дизајн и сценографиите на овогодишното издание на Струшките вечери на поезијата.

Музичката подлога на видеото е фрагмент од познатото дело на Сергеј Рахманинов, Прелудиум опус 23 број 5 во G мол. Ова дело, во изведба на истакнатиот македонски пијанист Дино Имери, ќе биде составен дел од пригодната музичка програма во рамки на Портретот на лауреатот што ќе се одржи на 24.08.2019 во катедралниот храм Св. Софија во Охрид.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=3BHZmUQ2FrE[/embedyt]

Сценарио: Јаков Попоски 

Видео продукција: ЗООТРОП студио

Креативно решение и графички дизајн: Огнен Танчески  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©