Поети

Лауреат - 1978

Рафаел Алберти

Шпанија

Биографија

Pафаел Алберти е реоден во Пуерто де Санта на 16. 12. 1902, почина на 28. 10. 1999 година. Поет, сликар, драмски автор, создава еден од најимпресивните и богати лирски опуси на современата шпанска поезија. Почнува со лириката на неопопуларизмот (Морнар на копно, 1924, Саканата, 1925, Зората на шебоите, 1925, За ангелите, 1928). Неговата поезија подоцна се свртува кон мотивите и темите на социјалната и политичката стварноста (песни за улицата и секојдневјето), а во текот на Граѓанската војна, тој е поет и борец на Републиката (песни за борбата, жртвата и верата). Живеејќи во политичка емиграција (Европа и Латинска Америка), тој пее за чемерната туѓина, лирика полна со носталгија и копнеж. Кога се враќа дома пречекан е како најголем жив поет на Шпанија. Дела: Меѓу каранфилот и мечот, 1945; Плима, 1945; За сликарството, 1948; Враќање на животот далечно, 1954.