СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

[fusion_text]miladinov-brothers-struga

Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата и директорот со индигнација ги отфрлаат обидите на дел од медиумите да поведат невидена хајка против угледот на институцијата и да не вовлечат во немотивирани, нелогични и со ништо непоткрепени инсинуации во врска со работата на легитимно избраната жири-комисија. Бесмислено е да се дебатира и да се наведуваат аргументи во хистерична атмосфера, кога е очигледно дека се прави обид да се искористи нормалното работење на жирито, според сите пропишани процедури предвидени со Правилникот на манифестацијата.

Очигледно е дека одредени поединци и групи од областа на литературата, но и од области што имаат посредни допирни точки со неа, настојуваат нашата книжевна манифестација да ја вовлечат во политички и политикантски расправии, поради што сметаме дека е доволно ова сооштение што и го упатуваме на објективната културна јавност за да ја известиме дека се придржуваме строго кон одредбите на Правилникот за наградата – да создадеме услови за непречена работа на жирито, а тоа подразбира да не прифатиме околност во која за вредностите на делата од македонската поезија ќе се дебатира надвор од предвидените и компетентни тела што сме ги востановиле. Неприфатливо е врз работата на жирито да се вршат притисоци од новинари, ликовни и филмски критичари, љубители на литературата и случајни учесници во јавна дискусија, надвор од пропишаните услови и рамки на манифестацијата.

На сеницата одржана на 15.8.2016 г. Управниот одбор на НУМ СВП, во присуство на директорот, расправаше по сите овие прашања и беа донесени следните заклучоци:

– На адресата на Струшките вечери на поезијата не пристигнал никаков официјален документ – оставка од член на жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016, освен еден прикачен дописна на електронската адреса на Струшките вечери на поезијата насловен како „Соопштение до јавноста“. Ниту е адресиран, ниту пак,со оглед на насловот, е упатен директно до нас. Управниот одбор смета дека ваквиот допис не би можел да биде земен како официјален документ врз основа на кој би можел да расправа за оставка на член на жири-комисијата, а дури и не е потпишан.

– Овој допис, за да биде и формално-правно и недвосмислено сметан како оставка, требаше да биде упатен на двете адреси: до Струшки вечери на поезијата (дирекција, Управен одбор), но и до претседателот на жири-комисијата. Управниот одбор и дирекцијата ќе расправа за такво нешто откако ќе добие официјален допис. Управниот одбор во случајот, може да разгледува само нарушување на работата, прекршување на принципот на тајност, и евентуално да постапат во насока на разрешување, со оглед на нанесената штета на угледот на наградата и на СВП како институција.

– Односниот допис, кој излезе во јавноста, не содржи никакви формално-правни причини кои би биле повод и причина за ваквата постапка на член од жири-комисијата. Како раководство на СВП нашата обврска е грижа за нормално, законито работење, при што зачувувањето на угледот и реномето на нашата инситуција е од најголем приоритет. Ние како институција сме презеле презеле мерки во насока на регулирање на сите аспекти на нашето работење и во остварувањето на нашата дејност. Ова е направено и со наградата, со донесување на Правилник за истата, со што прецизно се определени сите аспекти, од условите за конкурсот, до сите процедури во жирирањето итн. Со истите се запознати и членовите на жири-комисијата.

– Во јавноста не беше наведено ниту едно прекршување на правилата предвидени во истиот во делот на жирирањето, ниту формално-правно дошло до нарушување/непочитување на одредбите од Правилникот,  што би предизвикал вака донесениот потесен избор од 5 поетски книги да биде оспорен, ниту па има и најмала дамка сомнеж дека се постапило и одлучило несоодветно, односно, спротивно од правилата. Жири-комисијата е должна  да постапува според правилникот.

– Управниот одбор ги ценеше сите аспекти од работењето на жири-комисијата, во тој контекст и на учеството на проф. д-р Елизабета Шелева во работењето, и врз основа на доставениот записник од жири-комисијата до дирекцијата и Управниот одбор, недвоосмислено утврди дека таа како рамноправен член полноправно учествувала во сите предвидени фази од работењето на комисијата, од предлагањето на изборот од 5 предлози, до изборот на претседател на жири-комисијата (избран на нејзин предлог), и во потесните избори на 10, односно 5 поетски книги.

– Управниот одбор, имајќи го предвид фактот дека таа била запознаена со содржината на Правилникот, па дури и го применувала и во својство на претседател на жири-комисија во 2014 година, констатира дека свесно направила чин за опструирање на работата на жири-комисијата, со тоа што не ги доставила до комисијата во писмена форма своерачно потишани своите ставови кои ги застапувала во телефонските разговори со не, на што е должна согласно одребите, и доколку не се достават писмено, прецизно и веродостојно онака како што се  искажани, истите се сметаат за нерелевантни, односно непостоечки.

– Исто така, неизбежно е да се осврнеме на тоа дека во јавноста  се разгледува само еден пример каде мозинството одлучило да не се најде во потесната селекција. Зошто имало потреба да се направи скандал заради еден автор? Зарем другите 40 кои не се селектирани не се вредни зад нив да се застане, во случај да имало некаков проблем во жирирањето? Не постои никаква „тенденциозност“ во одлучувањето. Правилникот прецизно пропишува дека одлуките се носат со мнозинство гласови.  Со мнозинство, исто како и во другите случаи е одлучено и во конкретниот, и тој по ништо не е различен од формално-правен аспект на жирирањето. Ние имаме полна почит кон естетски ставови, знаење и компетенциите на професор д-р Елизабета Шелева, заради што сме ја предложиле во жири-комисијата, но никако не можеме да најдеме разбирање за нејзината постапка која произлегува од свесно занемарување на правилото за одлучување.

– Управниот одбор, врз основа на записникот доставен од жири-комисијата, утврди дека овој конечен избор од пет поетски книги е полноважен и неспорен. Управниот одбор на СВП нема намера да се меша во работата на компетентното жири и да се впушта во оценување на дела од современата македонска поезија кога веќе избрал такво тело. Особено е важно во овој момент на ниту еден од авторите што конкурирале да не им се наштети на угледот и личното достоинство. Управниот одбор и ја дава полната поддршка на жири-комисијата да продолжи со работата, до донесување на конечната одлука за тоа кој ќе биде добитник на наградата. Во таа насока и ја задолжува да постапува според правилата.

Остануваме посветени на подготовките за реализација на богатата содржина од програмата на овогодишниот фестивал, кој е најголемиот и најзначајниот настан на македонската литература и култура.

 

Претседател на Управен одбор на НУМ  СВП                                 Директор на НУМ СВП

               Славе Ѓорѓо Димоски                                                                     Мите Стефоски

 

 

[/fusion_text]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©