„Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“

„Струшки вечери на поезијата“ е дел од „Фестивалот на надежта“- глобална виртуелна поетска иницијатива во организација на „Версополис“, платформа што обединува 30 европски меѓународни поетски фестивали и којашто е поддржана од Европската Комисија со грант за поголема мобилност на младите европски поети.

Програмата на Фестивалот на надежта. кој започна со онлајн панел дискусија на четворица поети на 23 април, ќе се одвива целосно онлајн од 24 до 30 април на веб- страницата на Версополис

Како одговор на глобалната неизвесност предизвикана од пандемијата на COVID-19, поради која беше невозможно да се одржат многу од поетските фестивали во нивниот вообичаен формат и беа или откажани или одложени, Версополис иницираше организирање на дигитален поетски фестивал. Освен поетските фестивали што се дел од платформата Версополис, инцијативата ја поддржаа и голем број други поетски фестивали, со обезбедување на содржини од најразличен вид, но со заеднички именител на надежта како движечка сила што го води човештвото во совладување на тешкотиите со кои се соочува. Повеќе од 60 фестивали се јавија како учесници, со исто толку потпрограми.

Струшки вечери на поезијата (СВП) се приклучи со проектот „Зборови на надеж/ Стихови на надеж“, во чии рамки беа снимени видео обраќања на 8 македонски поети што се дел од вкупната бројка на 20 номинирани поети во платформата Версополис од страна на СВП, почнувајќи од 2014 заклучно со 2020 година.

Секое видео обраќање содржи кратка лична порака на надеж, како и читање на една песна од самите поети. Пораката и песната се на македонски јазик, со титл на англиски јазик. Кусо видео обраќање има и директорот на СВП.

Видеата ќе бидат објавувани сукцесивно секој ден во текот на одржувањето на фестивалот на официјалниот Youtube канал на СВП, а потоа ќе бидат преземени на главната страница на Фестивалот и споделени на останатите социјални платформи на СВП. На социјалните платформи на СВП ќе бидат споделувани и останатите содржини на Фестивалот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©