Поети

Лауреат - 1987

Тадеуш Ружевич

Полска

Биографија

Pоден на 9. 10. 1021 г. во Радомско, Полска. Ружевич припаѓа на првата генереација полски поети, родени и едуцирани по полското осамостојување во 1918 година. Неговите први младешки песни се објавени во 1938 година. Во текот на Втората светска војна, заедно со неговиот брат Јануш (кој исто така е поет) е војник во рамките на нелегалната антифашистички ориентирана Армија Крајова. За разлика од Јануш, кој е погубен од Гестапо во 1944 година, Ружевич ја преживува војната и до неговото драмско деби во 1960 година издава дванаесет високоценети збирки поезија. Оттогаш до денес има напишано речиси педесет драми. Оваа ерупција на драматуршка енергија е придружена со привремени навраќања кон поезијата и кратки излети во светот на прозата. Ружевич се смета за еден од најдобрите повоени полски поети и можеби за најинвентивен полски драматург. Негови најпознати драми се: Картотека, Прекинатиот чин, Наталитет, Гладниот уметник си оди и Бела венчавка.