Poems

Дрвена Песна

затоа што ме возбуди едно дрво,
оваа песна ја конструирав од дрво.
во черепот дрвен ѝ ги обув во дрвени чевли
и ја пуштив низ мојата крв.
чкрип-чкрап, чкрип-чкрап…
о како е одбивна, како е грда
со својот звук дрвен оваа дрвена песна!
зашто може оган да вивне
а нема ни душа ни срце за да заплаче,
подалеку ја чувамод секој оган.
така,мислам, ќе остане вечна –
вечна, од црвје изгризена,
бесилка само за срцево мое.