Poems

Куќа

порцелански птици, со срца како модри ѕвончиња,
гугаат по витрините во таа куќа;
по дебели и зелени од рамнодушност ортомчиња,
достоинствени чавки слетуваат на покривот од
таа куќа:

однадвор, во вирот на окото што се распрашува,
како последен збор на архитектурата е;
внатре, од трпезата до постелата,
здодевата ја преместува сенката на своето тело.

надвор, над влезната врата од таа куќа,
една низа суви пиперки,
кога ќе задува ветар,
нишајќи се тролоши.

како митолошка опашка, како натечен јазик.

внатре, во таа куќа, уморено од обилство
ништилото си вари кафе
на експресната тока од шпоретот.
или слуша музика. Или гледа телевизија.