Награди

Награда „Енхалон“

Нaградата „Енхалон“ е востановена во 2012 година како награда за најдобра песна од млад автор од Република Северна Македонија

   Нaградата „Енхалон“ е востановена во 2012 година како награда за најдобра песна од млад автор од Република Северна Македонија прочитана на Фестивалот. Во историјата на Фестивалот, неколку пати била доделувана награда за песна, па дури и најголемата, „Златен венец“, во првите години од востановувањето. Наградата „Енхалон“ има за цел да го поттикне поетското творештво кај младите творци.
   Своето симболично, многузначно име го добива по античкото име на градот Струга – Енхалон, што значи јагула, со алузија и на патот и враќањето на младите јагули во водите на Охридското Езеро преку реката Црн Дрим, симболизирајќи ги во овој контекст обновата и развојот на поезијата.