Издавачка дејност

Информации за Национална институција Манифестацијата „Струшки вечери на поезија“ – Струга

Покрај фестивалските настани и активности, во последните 55 години „Струшките вечери на поезијата“ развија интензивна издавачка дејност. Фестивалот секоја година издава репрезентативно издание со избор поезија од добитникот на „Златниот венец“ на оригиналниот јазик и во превод на македонски јазик.
Во едицијата „Плејади“ се објавува поезија од еминентни светски поети, поетски антологии од земјите учеснички, поетски избор од добитникот на наградата „Мостови на Струга“, избор од поезијата на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на македонски и на еден странски јазик, како и поетската колекција „Кој е кој“ за учесниците на фестивалот „Поезија од пет континенти“.
Подолу се наоѓа листата на најзначајните изданија на „Струшките вечери на поезијата“.