| Награда „Браќа Миладиновци“

| Награда „Браќа Миладиновци“

Наградата „Браќа Миладиновци“ е востановена во 1963 година како признание за најдобра поетска книга меѓу два фестивала. Наградата претставува најголемата национална награда за поетско творештво во Република Македонија со која Струшки вечери на поезијата повеќе од половина век ги наградува поетските дострели на македонските творци во секоја измината година.

Наградата е именувана во чест на еминентните македонски просветители и културни дејци – браќата Димитар, Константин и Наум Миладинови. Постариот брат Димитар бил собирач на македонски народен фолклор и учител на првите поети на македонскиот романтизам. Помладиот брат Константин е основоположник на современата македонска поезија. Во негова чест во 1962 година се започнати „Струшките вечери на поезијата“

Националното признание, наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ на истекот на реката Црн Дрим пред повеќеилјадна публика. „Струшките вечери на поезијата“ секоја година издаваат репрезентативнa книгa поезија од добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ во препев на англиски јазик.

Прв добитник на наградата беше Матеја Матевски за книгата поезија „Рамноденица“

Добитници на „Браќа Миладиновци“

1963

Матеја Матевски(13.05.1929,Истанбул-6.06.2018,Скопје)

„Рамноденица“

1964

Анте Поповски(3.06.1931,Лазарополе-1.10.2003,Скопје

„Непокор“

1965

Радован Павловски(23.11.1937,Ниш-22.02.2022,Скопје

„Корабија“

1966

Богомил Ѓузел(9.02.1939,Чачак-22.04.2021,Скопје)

„Миросници“

1967

Влада Урошевиќ(17.10.1934,Скопје-

„Летен дожд“

1968

Петре М. Андреевски(25.06.1934,Слоештица,Демир Хисар-25.09.2006,Скопје)

„Дениција“

1969

Миле Неделковски(25.11.1935,Прилеп-21.06.2020,Скопје)

„Еретикон-Еротикон“

1970

ПетарТ. Бошковски(1936,Острилци-15.07.2006,Скопје)

„Постела од трње“

1971

Петре М. Андреевски((25.06.1934,Слоештица,Демир Хисар-25.09.2006,Скопје)

„Дални наковални“

1972

Богомил Ѓузел ((9.02.1939,Чачак-22.04.2021,Скопје)

„Бунар  во времето“

1973

Влада Урошевиќ(17.10.1934,Скопје-

„Ѕвезда на терезија“

1974

Блаже Конески(19.12.1921,Небрегово-7.12.1993,Скопје)

„Записи“

1975

Гане Тодоровски(11.05.1929,Скопје-22.05.2010,Скопје

„Снеубавен ден“

1976

Ацо Шопов (20.12.1923,Штип-20.04.1982,Скопје)

„Песна за црната жена“

1977

Атанас Вангелов(6.02.1946,Богданци-24.10.2012,Скопје)

„Глетки и привиденија“

1978

Милован Стефановски(26.08.1952,Ресен

„Ѕид пред бескрајот“

1979

Славко Јаневски(11.01.1920,Скопје-20.01.2000,Скопје)

„Оковано јаболко“

1980

Ефтим Клетников(1946,Негрево-

„Окото на темниот“

1981

Матеја Матевски(13.03.1929,Истанбул-6.08.2018,Скопје)

„Липа“

1982

Михаил Ренџов(25.08.1936,Штип-

„Нерези“

1983

Адем Гајтани(21.08.1935,Подуево,Косово-19.03.1982,Скопје)

„Лебедова песна3

1984

Тодор Чаловски(23.08.1945,Гостивар-15.06.2015,Скопје)

„Јадро“

1985

Лилјана Дирјан(1953,Скопје-13.12.2019,Скопје)

„Жива мера“

1986

Влада Урошевиќ(17.10.1934,Скопје

„Хипнополис“

1987

Петко Дабески(15.10.1939,Вполковија,Тетовско-

„Четврта координата“

1988

Славко Јаневски(11.01.1920,Скопје-20.01.2000,Скопје)

„Песји шуми“

1989

Катица Ќулавкова(21.12.1951,Велес

„Жедби“

1990

Раде Силјан(16.04.1950,Жван,Демирхисарски

„Заѕидување на сенката“

1991

Ристо Василевски(31.01.1943,Наконец,Преспа

„Плодоред“

1992

Јордан Даниловски(15.01.1957,Дебар

„Коба“

1993

Бранко Цветкоски(21.06.1954,Слатино

„Молитвен веј“

1994

Петре Бакевски(5.01.1947,Кавадарци-25.08.2011,Скопје)

„Низ златниот прстен на сонцето“

1995

Анте Поповски(3.06.1931,Лазарополе-1.10.2003,Скопје)

„Привиденија“

1996

Светлана Христова Јоциќ(27.02.1941,Ресен-27.04.2012,Скопје)

„С. Бесмртна“

1997

Глигор Стојковски(7.08.1952,Волковија)

„Заборавено око на небото“

1998

Гордана Михаилова Бошнакоска(1.09.1940,Скопје

„Планини од картонски кутии“

1999

Јован Котески(14.01.1932-12.06.2001)

„Разор“

2000

Славе Ѓорѓо Димоски(1959,Велестово

„Темно место“

2001

Санде Стојчевски(16.09.1948,с.Студена Бара,Кумановско

„Тримка“

2002

Радован Павловски(23.11.1937,Ниш-22.02.2022,Скопје)

„Штит“

2003

Ефтим Клетников(1946,Негрево-

„Живиот камен“

2004

Петко Дабески(15.10.1939,Вполковија,Тетовско

„Сноп параболи“

2005

Петар Т. Бошковски(1936,с.Острилци-15.07.2006,Скопје)

„Вратика“

2006

Братислав Ташковски(11.09.1960,Скопје

„Големата љубовна песна“

2007

Никола Маџиров(27.05.1973,Струмица

„Преместен камен“

2008

Ристо Лазаров(3.10.1949,Штип

„Среде“

2009

Весна Ацевска(10.11.1952,Скопје

„Столисник“

2010

Владимир Мартиновски(1974,Скопје

„Квартети“

2011

Веле Смилевски (6.05.1949,Ново Село

„Забранета книга“

2012

Милош Линдро (9.09.1952,Косел,Охрид

„Основи на небото“

2013

Ристо Јачев (15.05.1942-27.02.2019

„Помнам“

2014

Вера Чејковска(16.10.1954,Скопје-19.11.2018,Скопје)

„Моите веди“

2015

Виолета Танчева Златева(25.04.1968.Бориево,Струмичко

„Година без лето“

2016

Иван Џепароски(9.05.1958,Скопје

„Светлината на Света Гора“

2017

Михаил Ренџов(25.08.1936,Штип

„Јас елегии“

2018

Зоран  Анчевски(16.05.1954,Скопје

„Небесна пантомима “

2019

Јовица Ивановски(1961,Скопје

„Човек“

2020

Ива Дамјановски(9.01.1996,Скопје

„Двоумење“

2021

Лидија Димковска(1971,Скопје

„Граничнасостојба“

2022

Зоран  Анчевски(16.05.1954,Скопје

„Збунети компаси“

2023

Димитар Башевски(27.06.1943,Ѓавато)

„Дни, години“