Песни

Бабички на пазар

На пазарот Ансонг, на секои пет дена,
група бабички доаѓаат да продаваат.
Изгледаат најневино
но кријат лукавство длабоко во нив.
Со лажлив изглед на искреност
се спремаат да мамат.
Низинскиот лук, не убедуваат,
бил ископан во ридиштата.
Кога ќе ја продадат скоро цела стока,
го нудат останатото попладнето,
и велат дека тоа било сефте.
И потоа малку покасно кога сѐ ќе се продаде,
кога веќе нема што да се стави на попуст,
ги прибираат остатоците од кај продавачот на големо
и ги продаваат како „распродажба“ за фајронт.
Неверојатно! Цел ден си дозволуваме
да бидеме насамарени од овие седум-осумдесет годишни бабишта.
И  тогаш кога се враќав дома,
помислив хибискусот е кинеска роза.
Исто ко и тие, стариот хибискус
ме прелажа мене, будалата.

преведено од:
Горјан Костовски