Песни

ВО ВРЕМЕТО НА БАБА МИ

Смртта ја моли една старица
да ѝ сошие копче,
а таа се согласува, станува
од постела и почнува да ги бара
иглата и конецот
со запалената свеќа што попот
ја ставил до нејзината глава.

преведено од:
Зоран Анчевски