Песни

Елен

Најстрашната карпа, бела бела желба.
Водо што извираш од крвта.
Нека ми се стесни обликот, нека ми го здроби телото
за да биде сè во едно: згура, скелети, грст земја.
Ме пиеш божем ја вадиш бојата на мојата душа.
Ме локаш, мушичке во малечок чун.
Главата ми е размачкана, сеќавам како настанале
планините, како се родиле ѕвездите.
Си го извлекуваш темето од под мене, таму сум.
Гледај, во воздухот ме има. Во тебе, со мене слеан
и мој. Златни покриви се веднат над нас,
листови од пагода. Нежен и жилав сум во огромни
свилени бонбони. Елену, маглата ти ја пикам во здивот,
а здивот во божјата глава во мојата градина.