Песни

Оловното војниче на мојот син

Под славеи си ѕуни светов,
си дрочи земја под мајски дожд.
И молчи само војничето
од олово – од зарек лош.
Се гледа, тажен мајстор в свет
го пуштил починка да нема.
Го прашаш:
С¢ ли е во ред?
И тоа на нишан те зема.
Си минат делници и сведни
во метеж врви век по век,
се смеат среќни, плачат бедни,
а тоа демне с¢ на штрек.
Го чека врагот, со опул прав,
што негде суров поход спрема…
Не ли ти е страв?
И тоа на нишан те зема.
Си живее, на делби гласник,
војничето во својот кат,
не тревоги го јаде јасник,
па стиска в раце автомат.
Си живее мој бранач мал
Да не ти е жал?
И тоа на нишан те зема