Доаѓаат во глутници, некаде се тргнати. Меѓу улиците, плоштадите, градините. Преку патиштата. Застануваат, се качуваат на дрвото за да имаат поглед, потоа се пикаат под оградата и одат понатаму. Границата со луѓето е ѓубрето, и тревниците, врвовите на ридовите и градините пред куќите. Меѓу саваните и населените места, по должината на каналите, покрај депониите. Живеат близу до нас. Без почит, како јазикот.

Превод од норвешки јазик Јасминка Марковска