Новости

ПОЧИНА ИСТАКНАТАТА ПОЕТЕСА И ПРЕВЕДУВАЧКА ЛИНДИТА АХМЕТИ

10 април 2024

Познатата поетеса,преведувачка научен истражувач  Линдита Ахмети почина на 09.04.2024 година.

Линдита Ахмети е родена во 1973 година во Призрен, Ахмети се школувала на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и магистрираше на Институтот за класична филологија, а беше пред одбрана на нејзината докторска дисертација. Беше научен соработник во Институтот за духовно и културно наследство на албанците. Нејзините песни се објавени во многу списанија на албански и на македонски јазик. Има објавено неколку збирки песни на албански јазик, меѓу кои и збирките: „Малини и блуз“, „Островот Адулар“, „Божилак“ и други. На македонски јазик се издадени збирките песни: „Камена месечина“, „Син сон“, „Призивање во април“, „Утрешните монети“.  Нејзините дела беа преведени и на бугарски и на полски јазик.

Линдита Ахмети беше една од најпосветените соработнички на Струшките вечери на поезијата. Освен што беше истакната поетеса, таа беше и исклучителен преведувач. Бројни се препевите и преводите од македонски на албански јазик на авторите што беа учесници на Фестивалот, како и препевите и преводите од албански на македонски јазик. И самата беше учесник на фестивалското издание од 2019 година.  Добитничка е на наградата „11 Октомври“ за 2022 година.