Новости

Конкурс за поетската награда „МЛАДА СТРУГА“ 2024

9 мај 2024

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со Јуроп Хаус и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, го распишуваат конкурсот за  поетската награда „Млада Струга“ 2024 за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант.

Критериуми за учество:

  • Наградата „Mлада Струга“ се доделува за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант.
  • Авторот не смее да биде помлад од 18 години, односно постар од 30 години заклучно со денот на крајниот рок на конкурсот и мора да биде државјанин на Република Северна Македонија.
  • На конкурсот пријава може да поднесе исклучиво авторот.
  • Еден автор може да учествува само со една необјавена поетска збирка.
  • За дебитант се смета автор што нема објавено поетска збирка како публикација (во книжен или електронски облик) со ISBN број. Објавите на поединечни песни во книжевни часописи, застапеноста во поетски избори и антологии, учеството на поетски фестивали, како и објавата на буклети што не се регистрирани како публикации не го нарушуваат статусот на дебитант. Иако овие објави се сметаат за пожелни, не го фаворизираат авторот ниту ги дисквалификуваат авторите што ги немаат горенаведените објави.
  • Минималниот обем на необјавената поетска збирка е 500 стихови, а максималниот 1000 стихови.
  • Материјали од пријавената необјавена збирка не смеат да бидат објавувани во форма на горенаведените објави во обем што надминува 20% од вкупниот обем на поетската збирка.
  • На конкурсот можат да бидат пријавени необјавени поетски збирки само од еден автор. Коавторски дела се неприфатливи.
  • Книги од сродници од прв и од втор степен на  членовите на УО на НУМ СВП, директорот на НУМ СВП, редовно вработените или на членовите на жири-комисијата нема да бидат прифатени.

Конкурсот трае од денот на објавувањето заклучно со 3 јуни 2024 година, до кога сите пријави и необјавени поетски збирки треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата, како и во електронска форма, според условите наведени подолу.

 

Услови за учество на конкурсот за наградата:

  • Кандидатите треба да испратат во затворен плик 3 печатени копии од необјавената поетска збирка со која конкурираат за наградата, отпечатена еднострано во А4 формат со големина на фонт 12 и со назнака „За конкурсот за поетската награда Млада Струга 2024“ на следната адреса:

      НУ Манифестација„Струшки вечери на поезијата“

      Поштенски фах 111

     „Браќа Миладиновци“ бр.5

      6330 Струга

      Република Северна Македонија

 

Во истиот затворен плик треба да испратат:

  • -кратка био-библиографска белешка (најмногу една страница А4 формат, односно 1800 карактери со празни места)

 

Крајниот рок за пристигнување на пријавите на адресата на СВП е 3 јуни 2024 година.

  •  Освен 3 печатени копии од необјавената поетска збирка и био-библиографската белешка, пријавата треба да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП: struga@svp.org.mk (заради дополнителна сигурност, потребните документи треба да се пратат и на spefestival@gmail.com) 
    • Пријавените необјавени поетски збирки ќе ги разгледува жири-комисија од три члена, којашто најдоцна до 1 јули 2024 година до Управниот одбор на СВП треба да достави единствен предлог за добитник на наградата.
    • Наградата вклучува плакета, паричен износ и објавување на печатена публикација во склоп на изданијата на СВП
  • Добитникот на наградата ќе биде објавен на 3 јули 2024 година;
  • Добитникот на наградата ќе биде поканет да учествува на изданието на „Струшките вечери на поезијата“ во Струга, Северна Македонија, кон крајот на август 2024 година, каде и ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“.

Струшки вечери на поезијата во соработка со Јуроп Хаус и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија

 

Струшки вечери на поезијата

 

Браќа Миладиновци 5

Поштенски фах 111

6330 Струга

Република Северна Македонија

Тел +389 46 786 270

struga@svp.org.mk

spefestival@gmail.com

www.svp. org.mk