Награда „Златен венец“

Награда „Златен венец“

Златен Венец

Наградата „Златен венец“ е една од најзначајните интернационални награди за поезија во светот.

Наградата „Златен венец“ е востановена во 1966 година. Oттогаш па до 1971 година се доделува за најдобра необјавена песна прочитана на Фестивалот. Од 1971 година „Златен венец“ се доделува за целокупен поетски опус.

„Златниот венец“ претставува уникатна рачна изработка. Нацртот на „Златниот венец“ го изработил македонскиот сликар и графичар Димче Протуѓер, кој тогаш бил член на Советот на „Струшките вечери на поезијата“.

Меѓународното признание, наградата „Златен венец“ се доделува на Меѓународниот поетски митинг „Мостови“, на истекот на реката Црн Дрим, пред повеќеилјадна публика. „Струшките вечери на поезијата“ секоја година издаваат репрезентативна книга поезија од добитникот на наградата „Златен венец“ во оригинал и во препев на македонски јазик.

 Добитници на „Златен венец“

1966 Роберт Рождественски 20.06.1932 – 19.08.1994 Русија
1967 Булат Окуџава 09.05.1924 – 12.06.1997 Русија
1968 Ласло Наѓ 17.07.1925 – 30.01.1978 Унгарија
1969 Мак Диздар 17.10.1917, Сараево – 14.07.1971, Сараево БиХ
1970 Миодраг Павловиќ 28.11.1928, Нови Сад – 17.08.2014, Тутлинген Србија
1971 Вистан Хју Одн 21.11.1907, Јорк – 17.06.1973, Виена САД
1972 Пабло Неруда 12.07.1904 – 23.09.1973 Чиле
1973 Еуџенио Монтале 12.10.1896, Џенова – 12.09.1981, Милано Италија
1974 Фазил Хисни Дагларџа 26.12.1914, Истанбул – 15.10.2008, Истанбул Турција
1975 Леополд Седар Сенгор 09.10.1906 – 20.12.2001 Сенегал
1976 Ежен Гилвик 05.08.1907 – 19.03.1997 Франција
1977 Артур Лундквист 03.03.1906 – 11.12.1991 Шведска
1978 Рафаел Алберти 16.12.1902 – 28.10.1999 Шпанија
1979 Мирослав Крлежа 07.07.1893, Загреб – 21.12.1981, Загреб Хрватска
1980 Ханс Магнус Енценсбергер 11.11.1929, Кауфбојрен – 24.11.2022 Германија
1981 Блаже Конески 19.12.1921, Небрегово – 07.12.1993, Скопје Македонија
1982 Никита Станеску 31.03.1933, Плоешти – 13.12.1983, Букурешт Романија
1983 Сачидананд Х. Ватсјајан – Агјеј 07.05.1911, Лакно – 08.03.1989, Њу Делхи Индија
1984 Андреј Вознесенски 12.05.1933, Москва – 01.06.2010, Переделкино Русија
1985 Јанис Рицос 01.05.1909 – 11.11.1995 Грција
1986 Ален Гинзберг 03.06.1926 – 05.04.1997 САД
1987 Тадеуш Ружевич 09.10.1921 – 24.04.2014 Полска
1988 Десанка Максимовиќ 16.05.1898, Рабровица – 11.02.1993, Белград Србија
1989 Томас Шапкот 21.03.1935, Ипсвич – Австралија
1990 Хусто Хорхе Падрон 01.10.1943, Лас Палмас – 11.04.2021 Шпанија
1991 Јосиф Бродски 24.05.1940 – 26.01.1996 САД
1992 Ференц Јухас 16.08.1928, Биа – 02.12.2015, Будимпешта Унгарија
1993 Генади Ајги 21.08.1934 – 21.02.2006, Москва Русија
1994 Тед Хјуз 17.08.1930 – 28.10.1998 Велика Британија
1995 Јехуда Амихај 13.05.1924 – 22.09.2000 Израел
1996 Макото Оока 16.02.1931, Мишима – 05.04.2017 Јапонија
1997 Адонис 01.01.1930 – Сирија
1998 Лу Јуан 03.07.1922, Вухан – Кина
1999 Ив Бонфоа 24.06.1923, Тур – 01.07.2016, Париз Франција
2000 Едоардо Сангвинети 09.12.1930, Џенова – 18.05.2010 Италија
2001 Шејмас Хини 08.07.1939 – 30.08.2013 Ирска
2002 Славко Михалиќ 16.03.1928, Карловац – 05.02.2007, Загреб Хрватска
2003 Томас Транстромер 15.04.1931 – 26.03.2015 Шведска
2004 Васко Граса Моура 03.01.1942, Порто – 27.04.2017, Лисабон Португалија
2005 Вилијам С. Мервин 30.09.1927 – 15.03.2019 САД
2006 Ненси Морехон 07.08.1944 – Куба
2007 Махмуд Дарвиш 1942 – 2008 Палестина
2008 Фатос Арапи 19.09.1930, Валона – 11.10.2018 Албанија
2009 Томаж Шаламун 04.07.1941, Загреб – 27.12.2014, Љубљана Словенија
2010 Љубомир Левчев 27.04.1935, Тројан – 25.09.2019 Бугарија
2011 Матеја Матевски 13.03.1929, Истанбул – 06.08.2018, Скопје Македонија
2012 Монгани Вали Сероте 1945, Јоханесбург – ЈАР
2013 Хосе Емилио Пачеко 30.06.1939 – 2014 Мексико
2014 Беи Дао 02.08.1949, Пекинг – Кина
2015 Ко Ун 01.08.1933 – Кореја
2016 Маргарет Атвуд 1939, Отава – Канада
2017 Чарлс Симиќ 1938, Белград – 2023 САД
2018 Адам Загаевски 21.06.1945 – 21.03.2021 Полска
2019 Ана Бландијана 1942, Темишвар – Романија
2020 Амир Ор 01.07.1956, Тел Авив – Израел
2021 Керол Ен Дафи 1955, Глазгов – Велика Британија
2022 Шунтаро Таникава 1931 – Јапонија
2023 Влада Урошевиќ 1934 – Македонија
2024 Жан-Пјер Симеон 1950 – Франција
2025 Иван Штрпка 1944 – Словачка
2026 Анеке Брасинга 1948 – Холандија