ВЕРСОПОЛИС – КАДЕ ПОЕЗИЈАТА ЖИВЕЕ
„Версополис“ е европска поетска платформа што создава нови можности за новите европски поети и е поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската комисија.
Одлични млади поети пишуваат песни на различни јазици, кои честопати се непознати надвор од границите на јазикот на кој пишуваат. Целта на „Версополис“ е да го промени тоа создавајќи уникатна платформа ширум Европа која им дава можност на новите европски поети да станат меѓународни поетски ѕвезди.
Во својата прва година, „Версополис“ ќе промовира 55 автори и нивната поезија, обединети под мотото „Каде што живее поезијата“, заедно со 11 фестивали, кои ќе дејствуваат како промотори на литературата и издавачи во европскиот литературен простор. Платформата „Версополис“ ги вклучува следниве книжевни/поетски фестивали:
фестивали | држава |
---|---|
ARS POETICA | Словачка |
GENOA INTERNATIONAL POETRY FESTIVAL | Италија |
LITTFEST | Шведска |
INSTYTUT KULTURY MIEJSKIEJ (CITY CULTURE INSTITUTE) | Полска |
LEDBURY POETRY FESTIVAL | В. Британија |
STRUSKI VECERI NA POEZIJATA (STRUGA POETRY EVENINGS) | Македонија |
POETINIS DRUSKININKŲ RUDUO (DRUSKININKAI POETIC FALL) | Литванија |
FELIX POETRY FESTIVAL | Белгија |
GORANOVO PROLJEČE (GORAN’S SPRING) | Хрватска |
LITERATURE & WINE FESTIVAL | Австрија |
DNEVI POEZIJE IN VINA (DAYS OF POETRY AND WINE) | Словенија |
„Версополис“ ќе им помогне на авторите што веќе се промовирани во своите матични земји да ја шират својата поезија преку границите. Негова прва и најзначајна цел е да се промовираат европските поети и нивната работа и да се создаде тесна поетска заедница.
ПОВЕЌЕ ЗА ВЕРСОПОЛИС
Поезијата е високо индивидуализиран израз на човековиот дух што ги велича разноликоста и оригиналноста; создава мост меѓу поединците и заедниците. Европската идеја што се темели врз почитување на индивидуалноста и во исто време се стреми кон квалитетен соживот на сите поединци, треба да ги препознае метафората и збирот на ваквите напори токму во поезијата. „Версополис“ е европски поетски проект на реномирани книжевни фестивали, изложување, поврзување и приближување на најдобрата поезија до публиката, создавање вредности и одржлива визија за првичната европска идеја преку соработка и заемно збогатување.
ФОКУС
Сакаме да видиме дека не само канонизираните и широко препознатливи поети ја допираат свеста кај љубителите на европската литература, туку и дека главното почесно место може да го добијат и авторите од помладите генерации, кои допрва треба да се пробиваат на европската поетска сцена. Избраните автори ќе добијат внимание преку изведби и преводи на нивните дела на соодветна дигитална платформа.
ПОВРЗУВАЊЕ
Проектот вклучува реномирани европски книжевни фестивали со очигледен афинитет кон поезијата. Авторите кружат меѓу фестивалите претставувајќи се пред љубителите на поезијата и пред професионалците. Притоа се прави поврзување на повеќе начини: меѓу фестивалите, авторите, авторите и јавноста, и меѓу авторите, издавачите и уредниците.
БЕСПЛАТНИ СОДРЖИНИ
Проектот произлегува од желбата да ѝ се обрати што е можно пошироко на европската публика, привлекувајќи ја на високо индивидуализираниот јазик на поезијата и преку специфичните национални карактеристики и поетски заднини на гостите автори. ПР-стратегиите што користат современи и оригинални пристапи во комуникацијата сакаат да го донесат јазикот на поезијата, што толку често останува затворен во своите тесни академски кругови, поблиску до пошироката јавност. Интерактивната платформа ќе игра важна улога во овој процес со вклучување на постојната и на нова публика.
СОЗДАВАЊЕ
Ние следиме мислења, визии и погледи на најшироко ниво; се фокусираме на заедничките европски вредности создавајќи нов, интегриран, европски поетски идентитет. Соработките меѓу партнерите учесници создаваат оригинална перспектива за поетските фестивали и можност за успешна соработка во иднина.