Десанка Максимовиќ – Лауреат 1988

Pодена во Рабровица, Србија, на 16. 5. 1898 година, починала во Белград на 8. 7. 1993 година. Значајна српска поетеса која остварила мошне вреден и разновиден поетски опус. Била член на САНУ. Добитник е на повеќе награди и признанија. Дела: Збирки песни: Песни, 1924; Градина на детството, 1927; Зелениот витез, 1930; Мирисот на земјата, 1955; Заробеник на соништата, 1959; Барам помилување, 1964; Зборувај тивко, 1961; Немам повеќе време, 1973; Летопис на Перуновите потомци, 1976; Ничија земја, 1979; Слово за љубовта и Меѓници на сеќавањето, 1983. Раскази: Лудилото на срцето, 1931 и др. Романи: Бунтовниот клас, 1960 и други. Исклучително место зазема како детски и младински поет (Пајаковата лулашка, Распеани приказни и др.).

mk_MKMK