Поети

Лауреат - 2000

Едоардо Сангвинети

Италија

Биографија

Pоден е во Џенова на 9. 12. 1930, а починал на 18. 5. 2010 г. Писател, општественик и универзитетски професор. Полемички е настроен спрема херметизмот во поезијата. Дела: Ги објавил поетските книги: Лаборинтус (1956), Опус метрикум (1960), Катамерон (1974), Разгледници (1978), Бележник (1981), Најновиот завет (1985), Конечни заклучоци (1997), Нешта (1999) и др. Негови најзначајни критичко-есеистички книги се: Три студии за Данте (1961), Алберто Моравија (1962), Идеологијата и јазикот (1965), Мисијата на критичарот (1987) и др. Ја приредил антологијата Италијанската поезија на 20 век и превел голем број дела од грчките и римските класични автори (Есхил, Софокле, Еврипид, Аристофан, Сенека, Петрониј).