Поети

Лауреат - 1973

Еуџенио Монтале

Италија

Биографија

Pоден е во Џенова на 12. 10. 1896, а починал во Милано на 12. 9. 1981. Заедно со Унгарети, претставува најизразита фигура на италијанскиот херметизам. Интензивно се занимавал со новинарство.
Пишувал книжевна и музичка критика. Доживотно бил сенатор на Италија. Медитеранот во неговите песни е издигнат до симбол на хуманистичката цивилизација. Во 1975 година добил Нобелова награда за литература. Дела: Коски од сипа, 1925; Виор и друго, 1956; Сатура, 1971 и Дневник 71 и 72, 1973.