Фазил Хисни Дагларџа – Лауреат 1974

Pоден е во Истанбул на 26. 8. 1914, починал во родниот град на 15. 10. 2008 година. Во 1959 г. отворил книжарница и почнал да издава книжевно списание. Првата поетска збирка ја објавил во 1935 под наслов Свет насликан во воздух, со која веднаш го свртел вниманието на љубителите на поезијата и книжевната критика. Во секоја поетска книга внесувал новини. Не припаѓал на ниедна школа. Објавил петнаесетина поетски збирки од кои поважни се: Дете и Бог; Епот за Чакќара; Мајка земја.

mk_MKMK