Поети

Лауреат - 1975

Леополд Седар Сенгор

Сенегал

Биографија

Pоден во Жоал на 9. 10. 1906 година, а починал во Париз на 20. 12. 2001. Сенегалски поет и државник пишувал на француски јазик. Од 1960 година до 1980 бил претседател на Сенегал. Со своите поетски збирки сестрано се залагал за достоинство на црниот човек, за неговите права и слобода. Неговата поезија е сензуална, елегична, носталгична под влијание на Пол Клодел, Сен-Џон Перс и на трубадурската поезија. Тој придава големо значење на музикалноста на стихот, а монотониот ритам, сличен на африканскиот мелос, им дава исклучителен автентичен призвук на неговите стихови. Составувач е на антологијата на новата црнечка и малгашка поезија пишувана на француски јазик Црниот Орфеј (1948), за која предговорот го напишал Жан-Пол Сартр. Дела: Песни од темнината (1945), Црни причесни (1948), Ноктурна (1961), Писма од Ивернажот 1972).