Махмуд Дарвиш – Лауреат 2007

Pоден е 1942. во селото Барвех во Галилеја. Најпознатиот палестински почина во САД во 2008 г. За својата политичка активност тој бил повеќе пати затворан и ставан во домашен притвор. Бил уредник на весникот Итихад пред да замине 1971. на едногодишни студии во СССР. Потем оди во Египет; во Каиро работи за весникот Ал-Ахрам, оди во Бејрут, Либан, каде што е уредник на списанието Палестински изданија, а бил и директор на Палестинскиот истражувачки центар. До своето враќање во Палестина во 1996 година бил член на Извршниот одбор на Палестинска ослободителна организација (ПЛО) и живеел во прогонство меѓу Бејрут и Париз. Песните му се добро познати низ сиот арапски свет, а некои од нив се компонирани и како песни за пеење. Со годините поезијата му се здобила и со меѓународна слава, па некои од нив – од објавените 30 поетски и прозни збирки – се преведени на 35 јазици. Основач и главен и одговорен уредник е на престижното книжевно списание Ал Кармел, обновено во 1997 од центарот Сакакини, во кое е почесен член. Најпознати поетски книги му се: збирката Постела на странец (1998), поемата Мурал (2000), Опсадна состојба (2002). Во 1997 за него е снимен документарец за француската ТВ

mk_MKMK