Матеја Матевски – Лауреат 2011

Поет, литературен и теaтарски критичар, есеист и преведувач, роден е во Истанбул, Турција, во 1929 година. Матеја Матевски е автор на 19 книги поезија и на десетина антологиски избори, а неговата поезија е објавувана на сите континенти. Преведен е на 22 јазика. Добитник е на речси сите национални награди и е носител на 16 меѓународни награди за неговото поетско творештво. Матеја Матевски е член на Македонската Академија на науките и уметностите и е добитник на „Златен Венец на поезијата“, за поетски опус на Меѓународниот фестивал Струшки вечери на поезијата.

mk_MKMK