Никита Станеску – Лауреат 1982

Pоден е во Плоешти на 7. 5. 1933, починал во Букурешт на 17. 11. 1983 година, романски поет, уредник на списанија. Уште со својата прва збирка Смислата на љубовта (1960) станал познат. Со секоја нова поетска книга ги потврдувал новите стихови ослободени од товарот на минатото. Дела: Една визија на чувствата (1964), Правото на време (1965), Јајцето и сферата (1967), Црвено вертикално (1967), Незборовите (1969), Во слаткиот класичен стил (1970), Величината на студот (1972), Јасноста на срцето (1975); Книга за препрочитување (1972).

mk_MKMK