Роберт Рождественски – Лауреат 1966

Pоден во Косиха на 10. 2. 1932 година во Москва, а починал на 3. 6. 1994 година. Руски поет, професионален писател. Со своите стихови пишувани концизно и прецизно предизвикуваал спонтано одушевување од широкиот аудиториум. Неговите реторични стихови имаат извесен публицистички карактер, полни со ритам и со ентузијазам, инспирирани од книжевната традиција и посебно од Мајаковски. Мошне силен впечаток оставила неговата книга Реквием (1961) со стихови посветени на татковинската војна против фашизмот. На македонски јазик е објавена неговата книга Се роди човек, Мисла, Скопје, 1970.


mk_MKMK