Поети

Лауреат - 1983

Сачидананд Хирананд Ватсјајан – Агјеј

Индија

Биографија

Pоден е во Лакно, Индија, на 7. 5. 1911, починал во Њу Делхи, 8. 3. 1989 година. Најзначаен индиски поет на хиндски јазик; во литературата влегува со прекарот Агјеј (незнајниот или оној што не може да се долови). Автор е на 15 книги поезија, три романи и повеќе збирки есеи. Бил уредник на списанија и автор на антологии. Неговата лирика се одликува со длабок интимизам и филозофски проблесоци Дела.: Трепет, Острови во струјата, Миг на зелената трева, Гласник на поразот, Лудиот ловец, Знаци и молчења.