Томас Шапкот – Лауреат 1989

Pоден во Ипсвич, Австралија, на 6. 9. 1935 година, еден од најзначајните современи австралиски поети. Со голем успех пишувал и романи, како Белиот елен на прогонот (преведен и на македонски јазик). Првите стихови почнал да ги објавува во 1954 г. Во 1987 г. во Скопје излегла Антологија на современата австралиска поезија во негов избор и предговор. Дела: Одбрани песни (1978), Добредојде (1983) и Патувачки коцки (1987).

mk_MKMK