Песни

БИДЕЈЌИ ЛУЃЕТО СЕ ФЛУИДНИ

Бидејќи луѓето се флуидни тие ce тажни:
тагата што ja чувствуваме кога ќе згмечиме
и случајно столчиме
згазната цреша;
тагата на некоја жена в постела
што слуша
радосни пролетни песни на дроздови
што се збираат пред зори
на дождлива измаглина во градината на јаворот
што трепери над кантата за ѓубре.
“Птичја песна. Бев заборавила
дека нивниот пој е најјасен
кога ќе се чуе на дожд”.
Тагата, исто така,
кога ќе се фатиме како мрмориме
на никој освен себеси.
И тагата што си ja чуваме тагата за себеси.