Песни

Песна пишувана в зори

На Ј.И.
Ја пишувам оваа песна
во меката сивост
во тишина без видело
како во кугла од мувла
што расте
папирот
безбоен
под мојата рака
бездрвен безграничен
се развиделува
мртвите
се
проѕирнигледам низ
нивголеми градови Усти
маса книга бокал
жолто цвеќе
слушам смеа
ги снемува
И пак се згуснуваат
го обраснуваат светот
26.7.1965 г.