Генади Ајги – Лауреат 1993

Pоден во Зајмурзин, Руска Федерација, 31. 8. 1934 починал на 21.2. 2006 г. Поет, есеист и преведувач, по националност е Чуваш; од 1960 г. се определува да пишува на руски јазик (до тогаш пишува на родниот чувашки). Неговите книги се објавувани во повеќе европски земји. Во 1993 г. е добитник на „Златен венец“ на СВП. Дела: На чувашки јазик објавил седум книги: Музика за цел живот, 1962; Од името на татковците, 1958; Чекор, 1964; Расветлување, 1971; Јазол, 1975; Песни, 1980; Тестамент, 1988; Полиња близнаци, 1987; Три поеми за Малевич, 1989 и Сега постојано снег.

mk_MKMK