Миодраг Павловиќ – Лауреат 1970

Pоден во Нови Сад на 28. 11. 1928 г. Српски поет и есеист, продолжувач на традицијата на интелектуалната поезија, со херметички акценти (87 песни, 1952,Столб на сеќавање, 1953, Октави, 1957, Млеко од искони, 1962, Голема Скитија, 1969). Големо внимание предизвикал како есеист (Рокови на поезијата, 1958, Осум поети, 1964), како антологичар (Антологија на српската поезија, 1964, Антологија на современата англиска поезија, 1956 – во коавторство со С. Бркиќ). Автор е и на книгите со есеи и литературна критика: Дневник на пената (1972), Поезијата и културата (1974). Во препев на Петре М. Андреевски, на Македонски јазик е објавена неговата книга Кавги, Скопје, 1970.

mk_MKMK