Јанис Рицос – Лауреат 1985

Pоден е во Монемвасија на 1. 5. 1909 година, а починал во Атина на 9. 9. 1990 година. Грчки поет кој имал тежок и мрачен животен пат (минува пат на маченик и прогоненик, политички затвореник и револуционер). Создал грандиозно дело (80 издадени поетски книги со над 100.000 стихови) преку кое успеал на својот автентичен талент да му даде белег на величественост и универзалност. Дебитирал со збирката Трактор (1934). Рицос е добитник на многу меѓународни награди и признанија, неговите стихови се преведувани на речиси сите јазици во светот, а самиот на грчки има преведувано стихови од Блок, Атила Јожеф, Хикмет, Мајаковски и приредил повеќе антологии. Дела: Пирамидите (1935), Епитаф (1936), Песна на мојата сестра (1937), Старата мазурка во ритам на дожд (1942), Макронисос (1949), Несоница (1954), Утринска ѕвезда (1955), Месечева соната (1957), Мртвата куќа (1962), Хеленството (1966); драмски поеми: Филоктет и Орест, Ѕид во огледалото, Сведоштва, Ходник и скалила итн.

mk_MKMK