Ив Бонфоа – Лауреат 1999

Pоден е во Тур на 24. 6. 1923 г. Поет и есеист, преведувач. Студирал филозофија, историја и историја на уметноста. Неговата поезија е херметичка и тешка. Покрај тоа што е поет, значаен е и како критичар, автор на есеи и студии од областа на книжевноста, сликарството и музиката. Голем познавач е и преведувач на Шекспир. Како поет дебитирал во 1953 со поетската книга За движењето и мирувањето на Дува.Дела: Анти-Платон, 1947; Испишан камен, 1959; Сенка што дише, 1963; Во стапицата на прагот, 1975; Почеток и крај на снегот, 1991; Подалеку, побрзо, 1996 и други.

mk_MKMK