Новости

ЈАВЕН ПОВИК

6 септември 2023
 Струшки Вечери на поезијата - лого

Јавен повик за прибирање на понуди за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад

Националната установа Манифестација „Струшки вечери на поезијата“-Струга врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19 и 122/21) и Одлука на Владата на Република Северна Македонија  бр. 41-2027/10 од  01.08.2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.164 од 01.08.2023 година), за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и /или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, објавува јавен повик за избор на правни лица кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање и /или транспортирање на отпад, за движни ствари кои поради нивната дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не се користат од страна на НУМ „Струшки вечери на поезијата“.

Избраните правни лица на јавниот повик имаат обврска да извршат превземање на движните ствари–електронска и информатичка опрема предмет на јавниот повик и истите да се транспортираат како отпад на соодветен начин, согласно законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат во просториите на Националната установа Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ , улица  „Браќа Миладиновци“ бр. 5, Струга.

Право на учество на јавниот повик имаат сите правни лица кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад.

Увид во проверката на отпадниот материјал може да се изврши на лице место во просториите на НУМ „Струшки вечери на поезијата“-Струга или електронски да се добие список за соодветниот отпаден материјал.Лице за контакт во врска со јавниот повик – Цветанка Маркоска тел. 072 225 675 или електронска адреса- cmarkoska@gmail.com.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 22.09.2023 година до 12 часот.

Кликнете ТУКА за да ги превземете инструкциите.

Комисија за спроведување на постапка за избор

на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање

и /или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад