Новости

Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2023 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП

31 мај 2023
Браќа Миладиновци

Управниот одбор и Дирекцијата на Националната установа – Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ – Струга распишуваат:

КОНКУРС

за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2022 година до 31 мај 2023 година.

Критериуми за учество:

  • Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик.
  • На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот.
  • Еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови.
  • Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик.
  • Избори или книги во кои има препечатени делови од други книги нема да бидат земени предвид.
  • На конкурсот можат да бидат пријавени само дела од еден автор. Коавторски дела се неприфатливи.
  • Книгите мора да имаат ISBN број.
  • Книги од членови на УО на НУМ СВП, директорот на НУМ СВП, вработените или на членови на жири-комисијата и нивни поблиски роднини нема да бидат прифатени.
  • Со учеството на конкурсот се смета дека учесниците на конкурсот се запознаени и ги прифаќаат одредбите на Договорот за доделување на наградата Браќа Миладиновци.

Услов за добивање на наградата е потпишување на Договорот за доделување на наградата Браќа Миладиновци од страна на добитникот.

Содржината на Договорот е објавена на веб страната на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Договор за наградата Браќа Миладиновци

Конкурсот ќе трае од денот на објавувањето до 25 јуни 2023 година.

Авторите или издавачите за учество на конкурсот мора да испратат 6 (шест) примероци од книгата на следната адреса:

НУ Манифестација„Струшки вечери на поезијата“

Поштенски фах 111

„Браќа Миладиновци“ бр.5

6330 Струга

Република Северна Македонија

Препорака: Доколку се работи за печатени публикации, покрај доставените 6 примероци од книгите, авторите или издавачите препорачливо е да ги достават и во електронска форма (во .pdf формат) на следната адреса: struga@svp.org.mk. Недоставувањето на книгите во  електронски pdf формат не ги исклучува авторите или издавачите од учеството на конкурсот.

Kнигите  не се враќаат.

Пријавените книги ќе ги оценува жири-комисија од пет члена, а објавувањето на резултатите ќе биде согласно Правилникот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата и Одлуката за измена на Правилникот за наградата Браќа Миладиновци кои се објавени на веб страната на установата.

Паричниот износ на наградата ќе биде дополнително определен.

Струга, Директор

Тодорче Тасевски

30.05.2023