ВОВЕДЕНИЕ ВО СЕБЕСИ
Манастир Св. Наум
Ѕвон.
Чекор.
Глас.
Глас.
Ѕвон.
Чекор.
Одекнува
Во тремот
На овој храм.
Ѕвон
-Кој сум?
Чекор
-Каде одам?
Глас
-Јас сум?
Глас
-Каде?
Ѕвон
-Кој?
Чекор
-Овде сум!
Чекор
-Верувам: Тело.
Ѕвон
-Верувам: Душа.
Глас
-Верувам: Света тајна.
Патоказ – Бог.
-Еве се укажува
Знак.

