ВО ДЛАБОЧИНАТА НА ТВОИТЕ ОЧИ
Млад сосема безгрешен
на ридот на орото
се приближив до една бездна
Гледав долу во океанот
и почувствував како ми замрзна срцето
А во ноќта длабоко
се појави мојот глас
како да тропаше врз страшни ѕидишта
со болскот на светлини
Во меѓувреме ми се лизна ногата случајно
и не можев веќе да пишувам
преведено од:
Линдита Ахмети

