Песни

ВРАЌАЊЕ

Од авантурата да сум чесна
Победнички се враќам дома.
Од колку генерации побегнав?
Не си спомнувам и не знам од каде.

Сите ѕвезди ги носам со себе да им ја покажам
Градината за да се стоплат,
Планините бараат да ги однесам на земјата
На која ќе си ја соѕидаат височината.

И птиците вртат и се прашуваат
Каде да се вгнездат, и бескрајни јата
Доаѓаат по мене да го чекаат местото
Каде ќе се сместат да се множат.

Јас велам: „Само миг чекајте,
Местото од каде избегав е близу,
Уште еден миг, треба да биде
Стабилно место, единствено стабилно место…“.

Но сè е течно наоколу. Јас барам
И сум изморена од смрт и од одење,
Присилена да ја носам во мене цврстата точка
За потпора на вселената.