Дарвин утринава
црцорат и цврчат
на секакви дијалекти
твојата аналогија е многу точна
како пилиња
како весели страчки
скриени во лавиринтот од поредени чаени грмушки
средновековни Европски градини
човек може да се пикне внатре за дремка
средба
убиство или нешто
тогаш немало дронови
секоја година доаѓаат да берат чај
по цела планина
тоа се највалканите денови
понеуредни се и од туристите
се качуваат по планината со се марамици, портокали, пијалоци
бонбони, бисквити
оваа година нема толку берачи
газдата
бамбори
заради пандемијата
не се наоѓаат работници
а и цените се покачени
да не збориме за берачи на чај
дури и на пазар
сѐ е дупло
денес таксито
додаде 1 јуан за гориво
како да купуваш авионска карта
авионот
носејќи писоци од стотина луѓе
се прави кал
корењата и микробите
утринава
алчно ги впиваат
заедно со росата
зајаците јадат трева
прават месо
растенијата јадат месо
пуштаат никулци
политичарите јадат луѓе
функционерите ја јадат државата
мажите јадат жени
историјата јаде солзи
јас утринава изедов две јајца
доказ за мојот витален метаболизам
во ритам со пролетта
без симболика
како искусување јак студ и силна горештина
седната пред вечната светлина на компјутерот
соочена со
комплексноста на злото
читам вести
ги варам гревовите на кретените
за ова не треба да се носи маска
обична седечка поза на обичен човек
си го штитам `рбетот додека ја предавам
онаа легендарна слобода
на пишување и пеење
2022

