Песни

ДВЕ МИЛИЈАРДИ СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ОСАМЕНОСТ

Човечките суштества на малава планета
спијат, се будат и работат, и понекогаш
посакуваат да имаат пријатели од Марс.

Немам поим
што прават Марсовците на својата мала орбита
(неририраат, или кируруираат или харараираат),
Но понекогаш сакаат да имаат пријатели на Земјата.
Без сомнение.

Вселенската гравитација е моќта на самотии
што се привлекуваат.

Бидејќи вселената е закривена,
сите ние се бараме едни со други.

Бидејќи вселената продолжува да се шири,
сите ние сме вознемирени.

Од сиот студ на две милијарди светлосни години осаменост,
наеднаш кивнав.