ЗАБОРАВЕНИ
Секој против себе. Заборавени забораваме.
Халуцинираме. Јазикот е среќно закопан.
Пласт по пласт. Во метафора. Во ништо.
Потопот врв доживува. И го чека Бога. Да заборави.
Вѕидан во топлиот седимент на тебе-мене.
Од ништо не стравуваме. Слободата е непријатно ништо.
Сеќавањата си ги откриваме, ама не се сеќаваме.
Полека, полека стануваме забранета песна,
космичко лепило и десетта димензија.
А ти само сакаш да бидеш заборавена.
Заборавени забораваме.
преведено од:
Никола Маџиров

