Песни

земјата престана да се врти

земјата

одамна престана

да врти

престана 

тебе да те врти 

свеста 

ѝ се сврти

и започна 

во неа да ‘рти

една коска 

без оска

нагризена

од остеопороза

изгризана

и сомелена

ко толчена сол

таа паѓа

од трн на кол

од бе дур во мол

паѓа

во твојата светска бол

болува и ја соголува

статичноста

на колективниот мозок

што личи на оток

или раскашавен поток

на бал во кал

aber, ein moment mal

ти многу ставови си збрал

и никому ни збор

не си украл

и колку совети си дал

зар на ова ниво си спаднал?