Песни

Исповед

„Нешто ме тера
да измислувам, да увеличувам
да премолчувам, да додавам
да разместувам, да менувам
а, ме копка копитото
на умирањето
и не кријам дека
ми се разлеваат
и сега, поривите
ту на лево, ту на десно
вон лежиштето
како добро изгмечено тесто
како клацкано шампањско
саноќ чекам да ми се јави
меѓу редови, гласот на Бога
да не гo изумам сонот
пред да го запомнам
сеќавањето ми се преполнило
збувнало, прекипело
вулкан не му е рамен
огнена стихија тече
‘Царство давам за добра песна’
и од утехата се откажувам
сè додека ми суфлира
стих по стих, стихови
Oној онаму Oтаде
од Вишновата градина.“