КНИГАТА ИДЕЈА
Твојата светлина ми доаѓа
светлината твоја што доаѓа
и заминува
и за рака ме поведува
низ едно поле
крај една река
крај се што може да биде светлина
како крај мене што се распостила
светлината твоја
твојата екстаза
твојата скриена тага
твојата тајна симетрија
со сонцето од кое извираш
и ми се враќаш за да бидеме едно
во неизвесноста
во која те гаѓаат темни луѓе
заслепени од твојата светлина
светлината твоја ми доаѓа
твојата светлина што доаѓа
и заминува
како што јас дојдов и заминав
подалеку од сите.

