Песни

МРТВА ПРИРОДА СО ДВА КУФЕРА

Подуени како тикви 

пред пукањедвата куфера

чекаат среде ходникот

 

За многу алишта

книги и дреболии

немаше место

 

(Ги враќаме 

во плакарите 

по витрините)

 

Во сите нив како за миг

да се всели некое немо 

неискажливо чувство: 

 

можеби тагата на сите оние

за кои немало место

во големиот куфер на Ное.